Која српска актерка му остави телефонски број Султанот Сулејман?

Српската актерка Ана Сакиќ при посетата на турскиот актер Халит Ергенч во Белград имаше можност да го запознаае и да му го остави својот телефонски број поради можни идни ангажмани.

- Случајно стоев пред влезот кога се појави актерот Халит Ергенч. Беше гужва и сите сакаа да се сликаат со него. Јас исто така му пријдов и се поздравив со него. Луѓето околу него му рекоа дека сум актерка и Халит почна да разговара со мене. Ме праша каде сум играла и бев воодушевена кога ми рече дека слушнал за серијата "Село гори, баба се чешла", во која глумев. Бев изненадена што толку се интересираше за мојата работа, па му реков дека радо би ја глумела новата Хурем. Тој се насмеа. Му рече на својот асистент да го земе мојот телефоснки број за да ми се јави. Остави силен впеачток врз меен и секако би сакала да соработувам со него во иднина – изјави Ана Сакиќ за Блиц.

13.01.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега