Во ноември зголемени откупот и продажбата на земјоделските производи

Во ноември минатата година биле откупени и продадени земјоделски производи во вкупна вредност од  1.637.305.000 денари, претставува зголемување за 12.3% во споредба со ноември 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 18.2%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 3.2%.

Зголемување на вредноста на откупените и на продадените земјоделски производи е регистриано кај: житата, фуражните растенија, овошјето и грозјето, млекото, млечните производи и рибата. Намалување, пак има кај: индустриските растенија, зеленчукот, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата.

13.01.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега