Починал покрај мртвата мајка која дома ја чувал 10 години

Клаудио Алфери од Буенос Аирес е пронајден како лежи мртов до телото на својата почината мајка, која дома ја чувал цели 10 години. Како што пренесуваат светските медиуми, 58-годишниот маж бил пронајден како лежи во семејната куќа заедно со неговата мајка, откако неговиот сосед пријавил во полиција дека неподнослива миризба се шири од куќата во соседството.

Безживотното тело на Клаудио било најдено во кујната, а покрај него "седела" неговата мајка. 

Соседите велат дека мајката не ја виделе со години, но дека синот велел дека таа е добро. Најверојатно момчето доживеало нервен слом по смртта на мајката и потоа патело од опсесивно компулсивно пореметување.

13.01.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега