Дали конечно ќе се расветли исчезнувањето на малата Меделин?

Скотланд Јард сомничи три лица за исчезнувањето на малата Меделин меккен која крена голема прашина во јавноста.

Се работи за три лица од Португалија, провалници кои во тој период кога исчезна девојчето упаднале во голем број куќи и апартмани, а имале и голем број телефонски разговори кои полицијата сака да ги преслуша. Британското Јавно обвинителство веќе испратило формално барање до португалската полиција за апсење на тројцата Португалци, а најавено е и дека екипа на Скотланд јард се подготвува да отпатува во Алгарве.

За потсетување, Меделин ја снема кога беше на одмор со своите родители во  Праја да Лош на 3 мај 2007 година.  Таа во апартманот од каде исчезна беше заедно со своите братчиња и сестри но нив не им се случи ништо.

13.01.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега