Летовите пренасочени во Приштина - скопскиот аеродром останува затворен

 

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ и денеска е затворен за сообраќај поради густата магла. Според информациите објавени на веб страницата на аеродромот, дел од летовите се пренасочени во Приштина.

Поради маглата скопскиот аеродром беше затворен за сообраќај и во текот на викендот.

Додека маглата прави проблеми во патниот и воздушниот сообраќај, железничкиот се одвива без застој. 

Намалена видливост од 50 до 100 метри има во Куманово-Крива Паланка, Куманово- Свети Николе, Тетово-Скопје, Тетово-Гостивар, Тетово-Јажинце, Тетово-Попова Шапка, Велес-Штип, Велес-Скопје.

Во Штип-Неготино видливоста е од 15 до 20 метри, во Штип-Радовиш од 50 до 70 метри, а во Битола 50 метри. Во Прилеп видливоста е 40 метри.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во Македонија  се одвива тековно, наместа по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

13.01.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега