Кире Лазаров оптимист: Чешка ни лежи повеќе заради стилот на игра

Нашиот најдобар ракометар и капитен на репрезентацијата Кирил Лазаров на мечот со Чешка очекува неговите колеги да се прикажат во подобро издание во однос на синоќешното кое го имаа со Данците. 

- Чешка ни лежи повеќе заради стилот на игра. Можеби не очекував толку убедливо да загубат од Австрија, но поразот од Австрија го очекував, рече нашиот капитен на денешниот брифинг со новинарите.

Што се однесува до синоќешниот пораз Лазаров истакна дека тој бил превисок. 

- Мислам дека конечниот резултат е превисок и дека реално беше да загубиме со 3-4 гола разлика, но сакале ние да признаеме или не Данска има поквалитетен тим и да бевме оние вистинските можеби повторно ќе не победеше.

13.01.2014 - 13:00
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега