Специјални поштенски марки за „Фискална во рака - награда без мака“

Министерот за финансии Зоран Ставрески и генералниот директор на АД „Македонска пошта“ Рафис Алити денеска во 14 часот ќе ги промовираат  новите поштенски марки „Фискална во рака - награда без мака“.

Промоцијата ќе се одржи пред експозитурата на Македонски пошти во Градски трговски центар.

Според информациите од АД „Македонска пошта“, марките се наменски, исклучиво за наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ и се со симболична цена, а во оптек ќе бидат уше од денеска.

13.01.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега