Скопската полиција во петокот апсеше жени

Скопската полиција во петокот уапсила две скопјанки кои се барале за издржување на затворска казна.

Во петокот била уапсена 30 годишната скопјанка Елена К. која се барала за издржување затворска казна во траење од една година и шест месеци, поради “злоуотреба на службената положба и овластување”. Скопјанката е спроведена  во  Затвор – Идризово.

СВР Скопје ја лишеше од слобода и 64 годишната Маргаритка Г., која треба да одлежи 3 години во затвор за сторено кривично дело “злоуотреба на службената положба и овластување”. Маргаритка Г. е спроведена  во  Затвор – Идризово.

13.01.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега