Пакет бомба експлодира пред банка во Будимпешта

Пакет бомба експлодира утрово пред филијала на банката ЦИБ во унгарскиот главен град Будимпешта.

Унгарските медиуми пренесуваат изјави на очевидци, кои тврдат дека пакетот-бомба го оставило лице на мотоцикл, но полицијата одбива да ги коментира ваквите тврдења до целосното завршување на истрагата.

 

При експлозијата нема жртви, туку само е предизвикана материјална штета на фасадата на заградата на банката и се искршени прозорците на неколку околни објекти.

13.01.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега