Низ Тетово си се возеле со 10 килограми дрога

40 годишниот А.С. од Мала Речица и 33 годишниот И.С. од Долно Палчиште заработија 30 дневен притвор, откако полицијата кај нив пронајде над 10 килограми марихуана.

Според информациите од тетовската полиција, вчера наутро, околу 3 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници запреле патничко возило „Лада нива“, вокое патувале И.С. и А.С. Полицијата одлучила да го претресе возилото и во багажникот пронашла две најлонски пакувања со непозната зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, обвиткани со селотејп лента.

А.С. и И.С. се приведени и задржани во СВР Тетово.

- Нешто подоцна со соодветна судска наредба и во непосредна координација со јавен обвинител, извршен е претрес во објект во Долна Лешница кој го користел А.С при што во подрумската просторија на објектот пронајдени се уште осум најлонски пакувања со тревкаста материја, како и една дигитална вага. Пронајдената тревкаста материја со вкупна тежина од 10 килограми и 374 грама е одземена и ќе се вештачи, додека двете лица со кривична пријава изведени се пред судија во претходна постапка, кој им определил мерка притвор во траење од 30 дена, вели портпаролот на СВР ТЕтово, Марјан Јосифовски, пренесува МИА.

13.01.2014 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега