ФОТО: Погледнете зошто фотографијата на овој грижлив татко стана Интернет хит

Блогерот Дојен Ричардс на својот блог објави фотографија од грижлив татко која преку ноќ стана вистинска Интернет сензација. Додека го држи синчето, тој и ја чешла косата на постарата ќерка. Многумина ја споделија и лајкуваа оваа фотографија, а имаше и такви кои дадоа негативни коментари за неа.

Таткото вели дека само сакал да покаже колку тој се грижи за децата. 

- Знам дека дури ни сопругата нема да ми верува дека кога сум сам со децата го правам истото што и таа. Сигурно немаше да ми верува дека и ја чешлам косата на ќерката, па затоа го земав апаратот и направив фотографија, вели таткото.

Фотографијата со брзина на светлината стана Интернет хит.

 

13.01.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа