Скопјанец преку ноќ изгуби преку 3.000 евра

Засега непознат крадец го ограбил станот на 66 годишниот скопјанец Н.Н.

Според информациите од полицијата, кражбата се случила од 8. до 12. јануари, во станот лоциран на булеварот „Илинден“ во Скопје. Крадецот провалил во станот додека Н.Н. бил на пат, ги пребарал собите, украл златен накит, дигитална камера, компјутер и пиштол.

Вредноста на богатството кое завршило во рацете на крадецот, се проценува на околу 190.000 денари. Полицијата трага по арамијата.

 

13.01.2014 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега