Влегоа, видоа, побегнаа - разбојници се исплашија и не ја ограбија Алфа Банка во Влае

Двајца мажи пред околу половина час се обиделе да ја ограбат експозитурата на Алфа Банка лоцирана во Порта Влае, дознава Пресс24.

Според нашите информации, двајцата мажи со фантомки на главата, утрово влегле во банката, но, кога внатре виделе униформиран војник на АРМ, се исплашиле и побегнале. 

Полицијата трага по двајцата мажи.

13.01.2014 - 10:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа