Даниел Кајмакоски и другите ѕвезди на "Икс Фактор" вечерва со концерт во Нови Сад

Во Нови Сад вечерва ќе се одржи спектакуларен концерт на финалистите од Икс Фактор, кои ќе ја забавуваат публиката заедно со познати српски естрадни имиња.

Финалистите Даниел Кајмакоски, Маја Новаковиќ, Харис Чато, Илма и Лукијан како и женската група 4U вечерва ќе настапат на новогодишниот концерт во Нови Сад заедно со Жељко Јоксимовиќ, Наташа Беквалац, Јелена Томашевиќ, Никола Роквиќ...

Нашиот Даниел Кајмакоски ќе пее заедно со својот ментор Жељко.

Ова е  уште една можност финалистите од Х Фактор да ги покажат во живо своите вокални способности и да ја воодушеват публиката.

13.01.2014 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа