"Тоа се само детски игри" - таткото на Маша не го сака за зет синот на Цеца!

Претседателот на клубот ОФК Београд Звездан Терезиќ  досега одбиваше да ги коментра случувањата од приватниот живот на својата ќерка откако е објавено дека е во врска со синот на Цеца Ражнатовиќ.  Но откако Маша и Вељко објавија слика од прстенот и напишаа дека се вериле, одлучи јавно да го изрази своето негодување за тоа. Звездан го прашале дали ја поддржува ќерка си во оваа постапка тој одговорил.

- Секако дека не поддржувам. Тоа се несериозни детски игри – изјави Терзиќ кој не беше расположен за натамошни комeнтари.

Како што дознава Блиц на Терезиќ не му било сеедно што неговата ќерка уште од првиот ден од нивната врска предзвика големо внимание.

-Звездан информацијата за врската со Вељко ја дознал од Маша и не се противел ниту еден момент се додека таа не се појавила на семејната слава во куќата на Цеца, а потоа почнала заедно со Вељко да објавуваат слики на социјалните мрежи и сето тоа многу му пречело. Тој и рекол дека не му се допаѓа таквото нејзино однесување, ама таа не го послушала и си продолжила по нејзино како и пред тоа – изјавил извор близок до фудбалскиот функционер.

13.01.2014 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега