Судири помеѓу студенти и полицијата на универзитет во Каиро

Претставници на силите за безбедност во Каиро известија дека полицијата во Каиро синоќа употребила солзавец за да растури три студентски собири, кои се случиле  пред Каирскиот универзитет, како и пред универзитетите „Ал Азхар“ и „Ан Шамс“, а при судирите биле уапсени 19 студенти, од кои четири жени

Собирите биле  организирани за поддршка на соборениот претседател Мохамед Морси на само два дена пред референдумот за новиот Устав на земјата.

Демонстрациите беа организирани пред референдумот за новиот Устав, кој властите поставени од армијата, го закажаа за вторник и среда.

Ова изјаснување се претстаува како прва етапа од демократската транзиција во Египет, откако во јули војската го собори од власта претседателот Морси.

13.01.2014 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега