Борко: Остануваме позитивни - следните два натпревари се клучни

Борко Ристовски кој беше прогласен за најдобар играч во македонскиот состав на синоќешниот дуел од ракометното Европското првенство против домаќинот Данска, изјави дека е потребно да остане позитивната атмосфера во националниот тим.

- Без разлика на се, треба да останеме позитивни и да бараме она за што сме дојдени, а тоа е пласман во вториот круг. Како што кажа на прес-конференцијата селекторот на Данска Улрик Вилбек, ова за нас беше бонус натпревар, можевме да добиеме, но не е трагично што загубивме. Следните два натпревара за нас се клучни и ќе мора минимум на еден од нив да славиме победа, рече Ристовски.

Данска вчера ја совлада нашата репрезентацинја со 29:21. Ристовски имаше 14 одбрани меѓу кои и сите три седмерци досудени за домашната селекција.

Македонија утре во 18:15 ќе се соочи со Чешка.

13.01.2014 - 09:32
Фото: 
A1On

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега