И платив 1000 денари за секс - ме пријави дека сум ја силувал

Триесет дена притвор доби 23 годишно момче од Белград, откако српската полиција го приведе под сомнение дека силувал 22 годишна девојка. Според информациите од полицијата кои ги објавија српските медиуми, 23 годишниот Марјан П. на 4ти јануари ја натерал на орален секс 22 годишната С.М. по што ја претепал.
Тој во полиција се бранел дека девојката ја собрал кај „Плавиот мост“, каде што често се движат проститутки и дека и дал 2000 српски динари (нешто повеќе од 1000 денари) за сексуални услуги. Тој тврдел дека откако ја добил услугата, си заминал а девојката немала никакви повреди на своето тело. 
Сепак, полицијата го сомничи за сериозно кривично дело, а тој во нивната архива поминува и како сторител на уште едно слично дело за кое е осуден на 5 години затвор.

12.01.2014 - 23:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа