Нодесбо: Лазаров е еден од најквалитетните ракометари во светот!

Јаспер Нодесбо кој вечерва игра за Данска против репрезентацијата на Македонија, вели дека Кире Лазаров ќе биде најголема опасност за Данците.

-Одлично ги познавам квалитетите на Лазаров. Тој е еден од најкомплетните ракометари во светот и може да даде 10 голови од 11 шутеви. Одлично соработуваме во Барселона и секогаш знае да ми асистира за чиста ситуација за гол, вели Нодесбо.

Натпреварот почнува во 20 часот и 30 минути.

12.01.2014 - 14:44
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега