Селекторот на Данска: Не е лесно да се победи кога се игра против Македонија!

Селекторот на домаќинот Данска, против кого денеска машката македонска ракометна репрезентација ќе си ги одзери силите, веќе знае дека натпреварот нема да биде воопшто лесен, особено кога се работи за Македонија.

Урлик Вилбек за данскиот медиум „jyllands-posten.dk“ вели дека неговата селекција е секако фаворит, но дека Макеоднија не била посакуван противник бидејќи на последната пресметка во Србија, натпреварот беше мошне тежок и неизвесен, па Данска стигна до победа во последната секунда.

-Секогаш имаме проблеми кога играме против Македонија. Добивме неколку битки против нив, но натпреварите секогаш биле неизвесни до самиот крај, вели Вилбек за тамошните медиуми

Натпреварот денеска започнува во 20 часот и 30 минути.

12.01.2014 - 12:43
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега