Кој бил всушност Јосип Броз Тито?

Белградската издавачка куќа "Лагуна" конечно ја објави деталната биографија на лидерот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито. Книгата "Тито и пријателите" на Јоже Пирјевиќ е создавана цели 30 години и открива детали за животот на Тито.

Авторот е плоден историчар кој во последните десет години објави бројни монографии за Југославија, а изминатите 30 се занимаваше со создавање на книгата за маршалот.

Според Пирјевиќ, се работи за книга која е анализа на животот на Јосип Броз, каде има детали кои јавноста ќе ги чуе за прв пат и се до сега необјавени, а се раскажува за борбата за власт и како пријателите брзо се претварале во непријатели во таа борба. 

 

12.01.2014 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега