Бурата „Иан“ ја уништи речиси целата држава Тонга

Едно лице загина, а повеќе села се речиси целосно уништени при ударот на моќната бура „Иан“ на пацифичката островска држава Тонга.

Бурата  била проследена со поројни дождови и ветрови кои на моменти надминувале брзина и од 200 километри на час, и како што соопшти претставникот на тонгоанската армија, Сартиси Вунипола уништени се речиси 70 проценти од куќите и другите објекти на островот Хаапај, што се наоѓа во северниот дел на архипелагот Тонга, каде живеат околу 8.000 лица.

Поради невремето, кое во текот на денов почна да слабее, властите на Тонга прогласија вонредна состојба.

12.01.2014 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега