Што го предизвика пожарот во куќата на Милчо Манчевски? - еве ги деталите

Во 06 часот и 30 минути утринава било пријавено дека избувнал пожар во куќата на познатиот македонски режисер Милчо Манчевски на улицата Димитрие Туцовиќ во Скопје.

На местото на настанот интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари кои се справувале со пламените јазици кои избувнале во подрумските простории на куќата на Манчевски. Најверојатно, причина за настанувањето на пожарот бил електричен кабел кој бил поставен за осветлување.

За време на пожарот, Милчо бил во својата куќа, но за среќа не е повреден.

Повеќе детали прочитајте тука.

12.01.2014 - 10:42
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега