Кире Лазаров: Проблемите на аеродромот нема да ни бидат алиби!

Откако вчера беше одложен летот на македонските ракометари кои денеска треба да ги бранат боите на Македонија во Данска, поради густата магла која го покри Скопје, капитенот Кире Лазаров изјави дека проблемите на аеродромот Александар Велики нема да им бидат алиби.

-Ова што ни се случи е стварно неочекувано и никој не може да го предвиди можеби со малку поголемо искуство можеше да се патува два дена пред почетокот. Нашиот организам е навикнат на вакви работи можеби да беше се во ред ќе беше чудно. Нема да ни служи како алиби. Ние сме уморни станати сме од 7 наутро. Пропатувавме доста не би требало се одрази ова патување на нашата игра. Имавме квалитетни подготовки и мислам дека ова нема да остави трага. Данска ја почитувам, но мислам дека треба да се фокусираме на нашата игра. И овој пат денес што го минуваме да излезе и воедно да излезат сите лоши работи. И да се консолидираме за дуелот со Чешка, изјави Лазаров во авионот за Сител ТВ.

12.01.2014 - 10:38
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега