Да навиваме за Македонија! - ракометарите ќе ги одмерат силите со Данска

 

 

Машката ракометна репрезентација на Македонија откако вчера пристигна во Данска каде започнува ЕП во Ракомет, денеска ќе ги одмери силите со домаќинот.

Дуелот ќе се игра вечер од 20 часот и 30 минути. Во првиот натпревар од оваа група од 18 часот ќе играат Австрија и Чешка.

Ако се изземе европскиот шампион Данска кој важи не само за фаворит во групата туку и за фаворит за златниот медал, тогаш за остварување на целта на репрезентацијата на Македонија и е потребна минимум една победа во дуелите против Чешка во вторник (од 18:15 часот) или Австрија во последното 3. коло (четврток од 18:15 часот).

Па, да навиваме за нашата гордост и да покажеме што умее Македонија!

12.01.2014 - 10:33
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега