Кога лекарите ќе го разбудат Шумахер од кома?

По цели 13 дена во вештачка кома, лекарите на седумкратниот шампион на Формула 1, Михаил Шумахер, сеуште не знаат кога точноќе го разбудат. Откако си ја повреди главата за време на скијањето на француските Алпи, Шумахер е во вештачка кома, направени му се две операции со кои му е отстранет половина череп за да се спречи мозочното крварење, а температурата му е симната на 34. Состојбата му е стабилна но стручњаците се уште не знаат дали да го разбудат од вештачката кома.

- Ако се разбуди од кома нормалните телесни функции како дишење ќе се вратат побрзо во нормала, вели еден од лекарите.

Сепак, лекарите кои се 24часа со легендарниот возач се грижат да не му се влоши состојбата, па се уште го чекаат погодниот момент за будење.

12.01.2014 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега