Гори куќата на Милчо Манчевски во Скопје

Од утринава во 6:30 кога било пријавено, противпожарните служби работат на локализирање на пожарот кој избувнал во куќата на познатиот режисер Милчо Манчевски на улицата Димитрие Туцовиќ во Скопје.

На местотот на настанот интервенираат две противпожарни возила но сеуште нема информации колкав дел од објектот е зафатен од огнот кој започнал во подрумските простории а не се знае ни дали има повредени. Причините за избувнувањето на огнот се непознати.

Неодамна во пожар изгоре и семејната куќа на актерката Весна Петрушевска.

12.01.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа