Даниел Кајмакоски: Во минатото во Македонија никој не ме поддржа!

Даниел Кајмакоски, македонскиот претставник на Икс Фактор кој си те ги воодушеви со скромноста и ангелскиот глас изјави дека Македонија никогаш не му дала поддршка во намерата да се бави со музика. Како што пренесува Вистина.мк, тој секогаш бил вљубен во музиката и никогаш не се откажал од својот сон.

Во 2009 година Македонија не му дала поддршка , од што тотално се разочарал и сфатил дека среќата и успехот не бидуваат со сила, па се посветил на работата во градежништвото, се додека неговиот пријател не го пријавил во Икс Фактор.

Кајмакоски ако му биде дозволено најмногу би сакал да ја отпее песната Ој девојче.

11.01.2014 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега