Бијонсе не сака да оди на свадба кај Ким и Кајние

Поп дивата Бијонсе, не сака да присуствува на свадбата на Ким Кардашијан и Кајние Вест. Старлетата предложила на пејачката да и биде деверуша на свадба, но тој предлог Бијонсе веднаш го одбила.

Бијонсе не е заинтересирана за пријателство со оваа реалити ѕвезда, но пробува да одржи баланс затоа што нејзиниот сопруг Џеј Зи и Кајние се многу добри пријатели. Овој пат изгледа не сака да падне под туѓо влијание и веќе донела одлука дека нема да присуствува на свадбата.

Како што вели таа семејството Кардашиан е премногу контроверзно и дека нејзиниото присуство на свадбата тие ќе го злоупотребат да направат медиумска сензација.

11.01.2014 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега