Се поголем бројот на туристи кои доаѓаат да ги видат убавините на Македонија

Првите десет месеци од минатата година има значително подобрување на целокупната туристичка ситуација во Република Македонија. Ова денеска го изјави министерот за економија Ваљон Сарачини според податоците од Државниот завод за статистика.

- Ако се погледне бројот на странски туристи тогаш можеме да констатираме дека имаме зголемување на 15 отсто во однос на истиот период за 2012 година, изјави министерот, додавајќи дека и во иднина ќе се работи на зголемување на бројот на туристите.

Сараќини за 2014 година ја најави и досега најамбициозната програма на Владата околу туризмот.

- Ова е досега најамбициозната програма донесена од Владата на Република Македонија. Износот на субвенции за 2014 година изнесува 155 милиони денари, што е речиси  двојно повеќе од 2013 година кога беше 75 милиони денари, потенцира Сарачини.

Министерството за економија, како што рече, за 2014 година веќе обезбеди 200 илјади долари средства од Словенија кои ќе бидат наменети за обука, едукација и доедукација на туристички работници во Македонија.

- Сметаме дека ова ќе придонесе нашите туристички работници кои ќе бидат обучени од светски експерти за подобро да се однесуваат и попрофесионално да се однесуваат со туристите, рече Сарачини.

11.01.2014 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега