Со 415.000 евра Владата ќе помогне да се промовираат македонските вина овошје и зеленчук во светот

Владата со 415.000 евра ќе поддржи промоција на македонското извозно земјоделско производство на светски реномирани земјоделски саеми во текот на оваа година. За ова денеска информираше владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев информира дека македонските вина, овошје и зеленчук ќе бидат промовирани на саеми во САД, Кина, Москва, Германија, Литванија, Полска,  Швајцарија,  Холандија и Словенија: - Промоциите ќе бидат насочени каде веќе има етаблираност на македонското земјоделско произвидство, но не во доволен обем и постои простор за зголемување на таа промоција и аналогно на тоа и зголемување на прометот, или пак присуство и промоција на пазари што се брзорастечки, а населението има голема куповна моќ. Тоа се пред се земјите од Азија, во прв ред Кина. Ќе одиме на проширување на оваа палета на промотивни активности на саемите во САД, каде што има определено присуство и познавање за македонските земјоделски извозни производи.

За првпат оваа година организирано со финансиска помош ќе биде одржано претстување на вино, овошје и зеленчук во Северна Америка односно на саемите за храна и вино во Њујорк.

Според владиниот потпарол Владата ќе ги покрие сите  сите трошоци што значат обезбедување на простор во рамките на самите саемски манифестации, закупување на штанд, комплетно финансирање на штандот и печатење и дистрибуција на промотивен матеијал од областа на земјоделските производи.

- Сакаме да апелираме до сите субјекти, до сите наши земјоделски компании да ја искористат оваа можност. Во Министерството за земјоделство се на располагање во секој момент да им ги објаснат секој детал и аспекти, како може да се пријават за да присуствуваат на овие саеми, изјави Ѓеорѓиев.

Инаку, во првите девет месеци од 2013 година вкупниот извоз на земјоделски прехранбени производи изнесува 369,7 милиони евра, што е за 5,9 отсто повеќе во споредба со првите дете месеци од претходната година, а увозот е намален за 3,9 отсто.

11.01.2014 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега