Кинески научници добија 826.000 долари за нивните научни достигнувања

Експертот за нуклеарно оружје Ченг Каиџа и хемичарот Жанг Чунхао добија милиони јуани како дел од државна награда за своите големи достигнувања во областа на научната технологија и иновации.

Наградата од  пет милиони јуани, или 826.000 долари, на кинеските научници им ја врачи претседателот на државата Си Џинпинг на церемонијата која беше одржана синоќа.

Тоа е најголем паричен износ на награда доделен досега во Кина.

Освен Ченг и Чунхао, награда добија и други осум странски научници од Италија, САД, Германија, Русија и Канада. Тие добија награда за меѓународна соработка во научни и технолошки области. 

11.01.2014 - 12:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега