Кипарските власти одобрија користење на воената база од руските воени авиони

Весникот "Сајпрас викли" објави дека Кипарските власти дадоа одобрување за ограничено користење на воена база на Островот од страна на руски воени авиони.

Владата одлучи да дозволи во базата Андреас Папандреу да слетуваат руски воени авиони, но само при вонредни ситуации и за хуманитарни цели, додека пак  тоа не важи и за руските ВВС и на нив нема да им биде дозволено да ги користат складиштата во базата. 

Договорот за соработка меѓу двете држави допрва треба да биде потпишан.

11.01.2014 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега