Колерата зема замав во Нигерија, за помалку од три месеци починале 71 лице

Од ноември минатата година во северната држава Кано од колера починале 71 лице, а 2.165 други биле заразени соопштија денеска нигериските здраствени власти.

Во северната нигериска држава Замфара пак се регистрирани стотина лица инфицирани од колера.

Според податоци на Обединетите нации, половина од 160 милиони жители на Нигерија немаат чиста вода за пиење, а една третина немаат соодветни тоалети.

Колерата е стомачна болест која се пренесува преку загадена храна и вода, а предизвикува тешка дијареја и повраќање, што доведува до дехидрација. 

11.01.2014 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега