Скандал: Директор на школо поминал една ноќ во хотел со малолетни девојчиња

 

Директор на едно школо и еден државен службеник се под сомнение дека ималесекс со шест девојчиња помлади од 14 години, кои ги носеле во различни хотели и ја поминувале ноќта со нив. Девојчињата кои биле пријателки од градот Ванинг во јужно кинеската провинција на островот Хаинан, изостанале од часови во школото на 8 мај, по што е превземена потрага од страна на наставниците, родителите и полицијата. Истите се пронајдени по два дена. Четирите девојчиња ја минале ноќта во локален хотел со директорот на школото кој е веднаш отпуштен, навела агенцијата. Една од девојчињата соопштила на полицијата дека еден од осомничените е со презиме Чен, и дека бил интимен со неа. 

Таа не соопштила други детали, но во извештајот на полицијата стои дека по извршениот медицински преглед, кај девојчињата не е утврдено дека имало сексуален чин. Според информациите кои доаѓаат од таму, владиниот служебеник по име Фенг, ги однел двете девојчиња во друг хотел истата вечер, но истите тие негирале дека тој се однесувал неприкладно. Властите соопштуваат дека планираат дополнителни медицински прегледи на девојчињата. Според агенцијата, двајцата осомничени не се познавале меѓусебно, и се уште не е јасно дали некои од девојчињата, кои учеле во две различни школи, биле од установата во која работел директорот. 

 

 

најчитано сега