СДСМ: Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ нема логика

Жалиме што владејачката партија во својот веќе одамна познат манир на политичко дејствување, продолжува да се однесува несериозно.

Очигледно под притисок сака јавно да одглуми конструктивност, а предлага нешто што нема никаква логика, и одамна е ставено ad-acta и не е предмет на било какви разговори.

СДСМ до сега на ВМРО-ДПМНЕ му предложи седум кандидати за претседател и прифати еден од предлозите на власта кој не се реализираше.

За вакво крупно политичко прашање ние немаме намера да се препукуваме или докажуваме преку медиумите. 

Она што е наш став дека консензусот како механизам за одлучување, особено за настаните пред и на 24ти декември, може да биде злоупотребен како механизам за блокада со која Комисијата никогаш нема да ја заврши својата работа, што не смее да биде ничија цел.

СДСМ останува отворен за конструктивни предлози кои ќе бидат во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Интегрален текст од реакција на СДСМ.