Цариниците минатата недела со полни раце работа
Минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење на разна стока и открија една царинска измама, при што привремено се задржани вкупно 41.400 илјади евра, фалсификати, цигари, опрема за тетовирање, е-цигари, козметика...
15.700 евра, откриени во два одвоени случаи, при личен претрес на тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата, на граничниот премин Блаце.
Во првиот случај, при личен претрес на двајца патници во автомобил со македонски регистарски таблички, во џебовите од нивните панталони пронајдени се, кај едниот 9.500 евра, а кај другиот 7.000 евра. Согласно Законот за девизно работење, на патниците им биле вратени по 2.000 евра, а остатокот се задржани.
Во вториот случај, возач на македонски автомобил пријавил дека носи со себе 300 евра, но при личен претрес кај него се пронајдени 5.200 евра, од кои 2.000 евра му се вратени.
14.000 евра, откриени во два одвоени случаи, на граничниот премин Табановце автопат.
Во првиот случај, 8.000 евра биле одземени од македонски државјанин, кој управувајќи автомобил со македонски регистарски таблички се пријави за излез од државата. Возачот пријави дека носи 500 евра, но при извршениот личен претрес, во предните два џеба и задниот џеб на неговите панталони пронајдени се 10.000 евра, од кои 2.000 му се вратени.
Во вториот случај, 6.000 евра се одземени од српски државјанин, кој управувајќи автомобил со српски регистарски таблички се пријави за влез во државата. Патникот пријави дека носи 10.000 евра, но при личен претрес, во преден џеб од неговите панталони се пронајдени уште 6.000 евра.
11.700 евра, одземени од македонски државјанин кој на скопскиот аеродром Алаксандар Велики се пријави за излез од државата со намера да отпатува за Дизелдорф. Патникот за царинска контрола пријави 500 евра, но при контролата се пронајдени 13.700 евра, од кои 2.000 евра му биле вратени, согласно Законот за девизно работење.
2.139 пара патики со лого на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи при контрола на два камиони со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Во првиот случај се откриени 1.900 пара детски патики со потекло од Кина, наменети за фирма увозник од Скопје, а во вториот случај 239 пара патики наменети за фирма увозник од Гостивар.
1.248 тоалетни води со лого на повеќе заштитени трговски марки, откриени при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Гевгелија. Сомнителната стока, чија пазарна вредност е проценета на околу 2,3 милиони денари, била наменета за фирма увозник од Скопје.
81 камера за видеонадзор со лого на заштитена трговска марка, откриени при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење. Сомнителната стока, чија пазарна вредност се проценува на околу 36,5 илјади американски долари, била наменета за фирма увозник од Битола.
181 различни козметички производи (парфеми, пасти, тоалетни води, шампони, крем за тело, купки, пени за бричење, турпии за нокти, туш за очи и друго), откриени при контрола на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавената стока е пронајдена во багажниот простор во просторот за резервната гума, под патосниците под предните седишта и во фиоката пред совозачкото седиште на возилото.
50 готови текстилни производи (женски фармерки, блузи и фустани), откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Дојран. Непријавената стока била сокриена под задното седиште на возилото.
ФОТО: Канал 5