НБРМ: Функционирањето на супервизорските колеџи е редовна практика

Народната банка на Република Македонија денеска укажа дека функционирањето на супервизорските колеџи е редовна практика за ефективна банкарска супервизија на меѓународните банкарски групации.

- Нема ништо ново во таа практика, којашто години наназад се спроведува и со грчката и со словенечката централна банка. Причината за учеството во супервизорските колеџи, коишто ја олеснуваат супервизијата на домашните деловни банки што се во сопственост на матични банки од странство, е во одговорноста на НБРМ за финансиската стабилност на земјата, стои во соопштението на НБРМ.

Според НБРМ, за таа цел, преку присуството во супервизорските колеџи организирани од супервизорските органи на матичните банки и размената на мислења за профилот на ризик на домашните банки, редовно доаѓа до релевантни нови сознанија коишто се користат за поквалитетна супервизија на тие банки и на банкарскиот систем на Република Македонија во целина.

10.01.2014 - 16:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа