Кацин: Време е Србија да биде „дел од решението“

Јелко Кацин, известувачот на Европскиот парламент за Србија, денеска во Белград изјави дека е време Србија да биде „дел од решението“ и „мотор на приближување на регионот кон Евроската унија“.

Кацин нагласи дека српскиот парламент мора да има голема улога и одговорност во евроитеграцискиот процес.

“Остварени се големи чекори напред и ние сакаме да ја охрабриме Србија да продолжи по тој пат и парламентарците да дадат свој придонес за забрзување на тој процес", посочи Кацин,  додавајќи дека српскиот Парламент мора да има голема улога и одговорност во евроитеграцискиот процеc. 

Кацин денеска во Белград имаше средба со српскиот премиер Ивица Дачиќ и со првиот потпретседател на Владата Алаксандар Вучиќ. 

10.01.2014 - 16:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега