Скопската полиција вчера “ловеше“ лоши момци - три лица зад решетки

Скопската полиција вчера привела тројца мажи кои се осудени на затворски казни за измама, круимчарење мигранти и загрозување на безбедноста на сообраќајот.

СПоред информациите од МВР, полицијата конечно го лишила од слобода 48 годишниот скопјанец Кирил С., кој се барал по потерница од 12. декември минатата година. Скопјанецот ќе издржува две годишна затворска казна во Затвор - Скопје, за сторено кривично дело „измама”. 

Скопската полиција го лишила од слобода и 37-годишниот Демир М. од Виница, кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и два месеци, за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти”. Демир бил спроведен во Затвор – Идризово.

Од слобода е лишен и 47 годишниот скопјанец Дафчо Р., кој треба да одлежи 100 дена во Затвор - Скопје поради „загрозување на безбедноста на сообраќајот”.

10.01.2014 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега