Дипломат од САД приведен во Москва

 

Агенти на Руската Федерална служба за безбедност денеска соопшти дека нејзини агенти минатата ноќ го привеле третиот секретар на Политичкиот оддел на американската Амбасада во Москва, Фогел Рајан Кристофер, под обвинение за шпионажа.

- Контраразунавачката служба на ФСБ го упаси кадровскиот соработник на американската ЦИА, Фогел Рајан Кристофер, која работел под маската на трет секретар на Политичкиот оддел на Амбасадата на САД во Москва, при обид да врбува соработник на една од руските специјални служби, се наведува во соопштението на ФСБ.

Според ФСБ, кај Кристофер се пронајдени „специјални технички средства, напишани инструкции за врбуван руски граѓанин, поголемо количество пари и средства за промена на надворешниот изглед“.

Приведениот по спроведените неопходни процедури им е предаден на официјални претставници на американската Амбасада, се додава во соопштението.

најчитано сега