Нови поволности за корисниците на ВИП по повод ЕП во ракомет

Вип продолжува со својата поддршка на македонскиот репрезентативен ракомет. Како официјален партнер на Македонската ракометна федерација и верен пријател на спортот, Вип оператор, заедно со своите корисници, ги испрати нашите репрезентативци на претстојното Европско првенство во Данска, посакувајќи им многу успех. 

- Сите ние имаме огромна верба во способностите, енергијата и желбата за победа кај нашите ракометари.  Уверени сме и дека тие ќе дадат се што е во нивна моќ за да го остварат тоа, со што ќе нè направат сите нас во Македонија неизмерно радосни и горди. На нас останува еуфорично да навиваме, покажувајќи ја уште еднаш нашата поддршка, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Випоператор.

Во функција на создавање на вистинска навивачка атмосфера, пред и за време на натпреварите на нашиот тим на претстојниот шампионат, Вип креираше неколку активности. Првата се однесува на корисниците кои на 11-ти јануари и во наредните неколку дена ќе купат нова или дополнат кредит на постојната СИМ припеид картичка. На тој начин тие стануваат потенцијални добитници на еден од многубројните пригодни подароци – дресови, топки, картички со потписи од ракометарите и навивачки реквизити, со што се приклучуваат кон големата навивачка дружина што активно ќе ги бодри нашите ракометари. Кон групата верни навивачи на репрезентацијата можат да се приклучат и сите Facebook фанови кои ќе можат да освојат еден од многуте подароци во форма на топки, дресови и навивачки реквизити. Соодветни подароци можат да освојат и радио слушателите кои во периодот од 8-ми до 10-ти јануари, на одредени популарни радио-станици, точно ќе одговорат на прашања поврзани со Европското првенство.

Вип е официјален партнер на Ракометната Федерација на Македонија од јануари 2008 година. Тргнувајќи од својата определба да го препознава и наградува успехот кој се темели на натпреварувачки дух и тимска работа, Вип оператор, шеста година по ред, активно ги следи и поддржува активностите на македонските ракометни репрезентации и придонесува за промоцијата на овој популарен екипен спорт во земјата.

 

 

10.01.2014 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега