Тепачка: Професорот Палоши доби награда па го претепа директорот на Македонија пат пред пола министри

Актуелниот директор на Македонија пат, Гајур Кадриу добил ќотек по вчерашниот настан на градежен факултет каде присуствуваше и премиерот Груевски и неколку владини министри, дознава Пресс24.
Според информации од полицијата, инцидентот во холот на факултетот го започнал професорот Вулнет Палоши од Тетовскиот Универзитет кој беше и директор на Фондот за патишта во владата на Љубчо Георгиевски и ДПА.
Палоши со клоци и тупанбици почнал да го удира актуелниот директор на македонија пат кој е од редовите на ДУИ а во нападот му помагал и неговиот син, велат изворите од полицијата.
Да биде поинтересно токму Палоши на свеченоста по повод 45 години од основањето на Друштвото за патишта на Република Македонија доби и посебно признание за својот придонес.
Директорот на Македонија пат по инцидентот бил пренесен во Градската болница каде се констатирани полесни телесни повреди.
 
Полицијата работи нa целосно расчистување на случајот.

На вчерашната свеченост на градежен, Груевски најави инвестиција од околу 1 милијарда евра во патиштата. Палоши важи за остар критичар на владата по прашањата за инвестициите во инфраструктурата.

10.01.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега