Проговори 14 годишното дете од Драчево: Не сакав да правам кривични дела, ме присилија постарите

СВР Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство го предаде 14 годишниот скопјанец, кој завчера направил хаос во Драчево. За само неколку часа, малолетникот извршил пет кривични дела, нелегално заработувајќи си 5.000 денари и предизвикувајќи штета “тешка“ околу 700.000 денари.

Малолетниот драчевчанец сценариото го започнал со напад на 85 годишна старица во нејзиниот дом во Драчево од која барал пари но не успеал да ги добие . По неуспешниот обид, малолетникот украл автомобил па со него предизвикал сообраќајна несреќа со поголема материјална штета на „Првомајска“. Откако ја направил и оваа белја, малолетникот го оставил искршеното возило и повторно избегал. Малолетникот го придружувало и засега неидентификувано дете на 10-годишна возраст.

По ова малолетнимкот не се откажал, туку само ја променил улицата па во непосредна близина нападнал уште една старица на која и го украл златниот ланец. Но и тоа не му ги заситило апетитите па нападнал и една жена која се движела во непосредна близина во обид да и ја украде чантата. Откако таа пружила отпор, ја фрлил во канал и ја држел 15тина минути. 

Откако се решил да ја пушти отишол во домот на својата баба и почнал најпрво вербално па потоа и физички да ја напаѓа. Во кусата борба успеал да предизвика пожар.

По овој настан интервенирала противпожарната екипа како и полицијата која го привела малолетникот.

Во дадената изјава во полициска станица, малолетникот изјавил дека тој не сакал да ги извршува кривичните дела, но бил принудуван од 24 годишник од населбата Драчево.  Во врска со малолетното дете, пријавениот одбивал да го открие неговиот идентитет, а сите жртви изјавиле дека детето не учествувало во извршувањето на кривичните дела, туку дека малолетникот го принудувал да се движи со него. 

Кривичните дела за кои се товари пријавениот, соопшти денеска МВР, се „разбојништво во обид“, „одземање моторно возило“, „тешка кражба на особено дрзок начин“ и „тешка кражба на особено дрзок начин во обид“.

 

10.01.2014 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега