Министерството за финансии ќе врати 20 милиони евра во стопанството

 

Министерството за финансии преку државни записи на нето-основа ќе врати во стопанството 1.215.000.000 денари, односно 20 милиони евра.

Утре Министерството за финансии по основ на доспеани записи ќе исплати 3.500.000.000 денари, додека на денешната аукција запиша 2.285.000.000 денари, или 1.215.000.000 денари помалку. 

- Со ова Министерството за финансии продолжува да го поддржува домашното стопанство преку подобрување на ликвидноста, се наведува во соопштението.

ФОТО: Канал 77

најчитано сега