Трагедија: Гром усмрти три лица

Нова трагедија го потресе светот. Тројца туристи загинаа, а 15 се повредени при удар на гром на плажа во Аргентина. Се работи за плажата Вила Гесел, на 400 километри од Буенос Аирес.

Еден од повредените се наоѓа во критична состојба, додека поголемиот дел се примени во болница поради изгореници. 

Туристите што останале, побарале заштита под една настрешница во која удрил гром, пренесоа локалните власти.

 

10.01.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега