Лекарите на Шумахер: До крајот на годината можеби ќе се појави насмеан на телевизија!

Седумкратниот шампион на Формула 1, Михаил Шумахер, кој од 29 ноември е во вештачка кома по несреќата за време на скијањето на француските Алпи, според лекарите можеби до крајот на годината ќе можеме да го видиме насмеан на телевизија.

Германскиот неврохирург Бернард Мејер изјави дека не знае кога лекарите би можеле да го разбудат легендарниот возач, но тоа секако ќе биде кога главната опасност веќе нема да биде закана.

- Се зависи од мозокот кој сега е голема закана. Шумахер ќе биде разбуден кога ќе се процени дека нема дополнителен притисок во мозокот кој би правел проблеми. Ако се резултатите задоволителни ќе биде разбуден. Потоа е се можно. Можно е и до крајот на годината да го видиме насмеан на телевизија, вели хирургот.

Според Мејер, за состојбата на Шумахер ќе може да се каже нешто конкретно дури по шест недели.

 

09.01.2014 - 15:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега