Построги казни и забрана за влез за насилниците на спортските натпревари
Собраниската Комисија за образование, наука и спорт денеска го прифати Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во прво читање.
Со овој закон се зајкануваат мерките за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. Заменик-министерот за внатрешни работи Земри Ќемили образложи дека се зголемува бројот на редарите кои се обврзани да ги ангажира организаторот на натпреварите, и бројот на мерките што организаторот е должен да ги преземе за натпревари со висок ризик.
- Повеќе се прецизираат обврските на гостинските спортски клубови кои учествуваат на натпреварот со цел систематизација и кодификација на сите постапки од Kривичниот закон, и што е најважно има детална обработка на остварување на прекршочните санкции, забрана за влез и учество на некои спортски манифестации. Со донесување на предложените мерки и зајакнување на механизмот на изрекување на прекршочни санкции и забрана за влез и учество на сите или на некои спортски натпревари значително ќе влијае за намалување на опасноста за појава на насилството и недостојно однесување на спортските натпревари, изјави Ќемили.
Пратеникот Самка Ибраимовски во текот на вчерашниот ден до Собранието доставил дополнување на измените кое ќе биде разгледано за време на парламентарната процедура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа