Реконструкцијата на каналот во Арачиново се одвива според предвиденото
Градежните работи за реконструкција на отворениот канал во населеното место Арачиново се одвиваат според предвидената динамика.
Ова го оцени министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми при денешниот увид.
Градежните работи почнаа во јуни минатата година, а според Адеми треба да се завршат во рок од 12 месеци.
Министерството за животна средина и просторно планирање на барање на населението на Арачиново, на општината и на училиштето, кое се наоѓа во непосредна близина на каналот, почна со реализација на овој проект во 2012 година. За реализација на проектот досега инвестирани се 160 илјади евра.
Каналот за отпадни води е долг околу два километри. Делот што поминува во непосредна близина на училиштето од безбедносни причини ќе биде затворен, а остатанатиот дел ќе остане отворен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа