Министерот Ивановски ќе претседава со Светскиот телекомуникациско-политички форум во Женева
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска е избран за претседавач на Светскиот телекомуникациско-политички форум 2013, кој се одржува во Женева, Швајцарија.
Министерот Ивановски укажа на заложбите на Владата за доделување на т.н. дигитална дивиденда преку дигитализацијата на телевизиите и распишувањето на 4Г повикот за мобилните оператори.
Форумот, како што се наведува во соопштението, е организиран од страна на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), со цел да се поттикне дебата, да се претстават ставовите и мислењата во илустрирањето на една заедничка визија за водењето на една глобална политика на ИТУ.
По церемонијата на отворањето, на која присуствуваа над педесет владини министри од целиот свет, на форумот покрај другото се дискутираше за новите трендови и иновации во еко-системот.
ФОТО: Денешен